Вторник, 17 декември 2013 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“

На 21 декември 2013 година (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ за 2013 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија



Петок, 13 декември 2013 година

Учество во работата на седницата на Мониторинг комисијата

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски ќе учествува во работата на седницата на Мониторинг комисијата, која на 13 декември се одржува во Париз, Франција



Понеделник, 2 декември 2013 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2013 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија

Click