Петок, 28 декември 2012 година

Одржан состанок на Клубот на пратенички

Целта на овој состанок беше членовите на Клубот на пратенички да ги споделат своите видувања за настаните како жени и политичарки, одговорни за иднината на својата држава. На состанокот не дојдоа пратеничките од опозицијата



Петок, 28 декември 2012 година, 14,00 часот, Сала 3

Состанок на Клубот на пратенички

Состанокот е по повод настаните што се случуваа во последниот месец дена за време на работата на Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и настаните пред почетокот на седницата одржана на 24 декември 2012 година



Среда, 12 декември  2012 година

Она што го дарува Киро Урдин е мултимедијален проект со силна порака да се чува мајката природа

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева и членовите, присуствуваа на церемонијата која Кинеската амбасада во Република Македонија ја организираше по повод врачувањето на престижната награда на сценаристот и режисер Киро Урдин, доделена на Меѓународниот филмски фестивал за животински свет и природа, одржан во август 2012 година во Јаан, Народна Република Кина.

Госпоѓа Бонева, во името на Пратеничката група за соработка, имаше свое обраќање пред присутните. Таа истакна дека настанот е многу важен бидејќи спојува две земји, една мала Македонија и една многу голема Кина, две земји кои се толку далечни, а сепак толку блиски. Таа потсети на зборовите на г. Урдин, кој вели дека е точка која се движи насекаде и го спојува светот.

Овде, во една точка, рече Бонева, денес е споен светот, а таа е производ на талкањата на авторот низ Африка, на неговите претходни искуства, на Планетариумот кој е создаден после две години патувања низ светот.

Она што ни го дарува Киро Урдин, според Бонева, е мултимедијален проект кој праќа силна порака во целиот свет дека треба да ја чуваме мајката природа. Она што се забележува дека доминира во творештвото и филозофијата на Киро Урдин е љубовта кон мајката природа и печатот што го остава за генерациите што доаѓаат.

Пораките кои извираат од неговите дела се да ја чуваме чистотата на планетата Земја, бидејќи така ќе се чуваме самите себе, ќе го чуваме растителниот и животинскиот свет околу нас и ќе имаме што да им оставиме на генерациите што доаѓаат после нас, заклучи Бонева. 


 



Вторник, 11 декември 2012 година

Пратеникот Лилјана Поповска на регионална конференција во Виена

Претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и член на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, учествува на дводневна регионална работилница за зајакнување на парламентарните структури за жените-пратеници во регионот на ОБСЕ, која се одржува во Виена, Австрија



Петок, 7 декември 2012 година

Одржана работна средба на Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women

Работилницата беше поддржана од страна на UN Women во рамките на регионалните проекти „Промовирање на родово одговорните политики во Југоисточна Европа“ и „Зајакнување на имплементацијата на Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност во Западен Балкан (2011-2013)“.



Понеделник, 3 декември 2012 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на UN Women - Тело на Обединети нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, ќе одржи работна средба на 6 декември 2012 година (четврток), од 13,00 до 15,00 часот во хотел Бест Вестерн

Click