Четврток, 1 декември 2011 година
Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 6. седница одржана на 29 ноември 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни.
На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Војо Гоговски, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заменик-министерот Коњановски ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Во дискусијата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Малиша Станковиќ, г. Васко Пашовски, г. Славе Гошев, г. Светлана Мазгалоска Вучетиќ, г. Реџаиљ Исмаили, г. Мевмед Џемајлоски, г. Борче Ставров и г. Драгиша Милетиќ.
По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Претставникот на Владата, г. Рунтевски, ја нагласи потребата за донесување на законите и целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Во дискусија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната учествуваше пратеникот Борче Ставров, додека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни учествуваше пратеникот Панче Орцев.
На крајот, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, со 6 гласа „за“ и 5 „против“ го усвои следниот Заклучок:
- Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.