Понеделник, 20 декември 2010

Нова Стратегија за еднакви можности на жените и мажите 2010-2014

Ќе се постават нови цели за бројот на жените на повисоките и средните менаџерски позиции. Еднаквите можности систематски треба да се интегрираат во човечките ресурси на секој генерален директорат на Европската комисија. Секој оддел на Европската комисија ќе треба да подготви план за постигнување на целите, а ќе следат и редовни ревизии преку Генералниот директорат за човечки ресурси.



Среда, 15 декември 2010 година

Европска граѓанска иницијатива

На состанокот одржан во Брисел на 14 декември оваа година, Советот за општи работи на ЕУ го поддржа договорот постигнат меѓу Европскиот парламент и Европската комисија во врска со нацрт-регулативата за Европската граѓанска иницијатива. Со нацрт-регулативата се утврдуваат постапките и условите за спроведување на граѓанската иницијатива. Предложената иницијатива мора да биде во рамките на областа која е во надлежност на ЕУ и во согласност со вредностите на Унијата.



Вторник, 14 декември 2010 година

Конференција на Обединетите нации посветена на климатските промени

Од 29 ноември до 10 декември оваа година во Канкун, Мексико се одржа Конференција на ОН за климатските промени. На крајот на конференцијата, на 11 декември беше донесен балансиран пакет на одлуки со кои владите ја зацврстуваат определбата за пониски емисии на јаглерод во иднина како и поддршка за засилено дејствување кон климатските промени во светот.



Петок 10 декември 2010 година

Одбележување на Денот на човековите права

Денеска во светот се одбележува Денот на човековите права. Принципите на слобода, демократија, почитување на основните човекови права и слободи и владеењето на правото се неразделиви принципи во процесот на европска интеграција и предуслов за мир, развој и безбедност во секое општество.



Петок, 3 декември 2010 година

Одобрен пакет за финансиска супервизија

Претседателот на Европскиот парламент г.Јержи Бузек и државниот секретар за европски работи г. Оливер Частел, на 24 ноември потпишаа низа законодавни акти, донесени по принципот на со-одлучување, меѓу кои и пакетот на закони за финансиска супервизија.

Click