Вторник, 25 декември 2012 година
НОВИ НАСОКИ ЗА ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

Европската комисија на 19 декември годинава усвои нови ревидирани насоки за примена на европските правила за државна помош во секторот за широкопојасен интернет. Новите насоки се со цел да им се помогне на земјите-членки да ги постигнат целите од Дигиталната агенда на Европската унија, и истите се дел од иницијативата на Европската комисија, за модернизација на државната помош
Прочитај повеќе
Вторник,18 декември 2012
АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
Усогласувањето на правилата за трговските друштва, корпоративното управување, сметководството и ревизијата е од суштинско значење за создавање на Единствен пазар на финансиски услуги и производи. Во оваа област целите се насочени кон обезбедување на подеднаква заштита на акционерите и другите засегнати страни во компаниите, слободно основање на компании во ЕУ, зајакнување на ефикасноста и конкурентноста на бизнисите и промовирање на прекугранична соработка меѓу компаниите во различни земји-членки на Унијата.
Прочитај повеќе
Петок, 7 декември 2012 година
РЕФОРМА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА СЛУЖБИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (EURES)
Креирањето на работни места е еден од приоритетите на Европската унија. Главна цел до 2020 година е да се достигне стапка на вработеност од 75% за луѓето на возраст од 20 до 64 години, и претставува една од петте клучни елементи на Стратегијата Европа 2020. За многу од невработените лица, решението е во наоѓање на работа од една во друга земја-членка на Унијата. Работните места во ЕУ се достапни, бројот на слободни работни места се зголемил од средината на 2009 година особено во областите кои бележат висок раст: секторите за ИКТ, телекомуникации и зелена економија.
Прочитај повеќе