Меѓународни организации и интеграции
Европски центар за парламентарни истражувања и документација (ЕЦПИД)
Во 1977 година, во Виена, по предлог на тогашната Конференција на претседатели на европските парламентарни собранија, е основан Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација (www.ecprd.org).
ЕЦПИД е мрежа за професионална соработка меѓу службите на парламентите во врска со сите прашања од парламентарното работење.
Основни цели на ЕЦПИД
- промовирање на размена на информации, идеи, искуства и практики меѓу администрацијата на парламентите во Европа;
- зајакнување на блиската соработка меѓу парламентарните служби во сите области на парламентарната администрација, законодавството, информациите, итражувањето и документацијата;
- собирање, размена и издавање на студии подготвени од парламентарните служби
Членство
Членки на ЕЦПИД се Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа и парламентарните домови чии претседатели се членови на Европската конференција на претседатели на парламенти.
Во активностите на Центарот можат да учествуваат и парламентите кои имаат специјален статус или статус на набљудувачи во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Oбласти на интерес
Области на интерес за заемни информации и размена на знаења во рамките на ЕЦПИД се:
- информациски и комуникациски технологии во парламентите;
- парламентарни практики и процедури;
- парламентарни библиотеки, истражувања и архиви;
- економија и буџетски прашања
Структура на ЕЦПИД
- состанок на генерални секретари;
- Конференција на кореспонденти;
- Извршен комитет;
- кодиректори
ЕЦПИД семинар, 8-9 мај 2014 година, Скопје