Понеделник, 4 февруари 2013 година
Пленарна седница на Европскиот парламент
Од денеска до 7 февруари, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу останатото, ќе се дебатира за иднината на Европската унија и еврозоната, за економската криза и буџетот на ЕУ 2014-2020.
Исто така, ќе стане збор за човековите права и демократијата, за отворање на работни места и раст на европската индустрија.
На дневен ред пред европските пратеници ќе се најдат и ЕУ политиката за рибарство, спасувањето на загрозените животни, цените на медицинските лекови, плановите за намалување на автомобилската врева, како и Уставот на Тунис, курдското прашање во Турција, слободата и владеењето на правото во Бугарија и др.