Четврток, 28 февруари 2013 година
Претседателот Вељаноски свечено ќе го отвори 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на 1 март 2013 година, како покровител на манифестацијата, свечено ќе го отвори јубилејниот 50. Мавровски меморијал во нордиско скијање.
Свеченото отворање ќе биде во 15,00 часот пред хотелот „Спорт“, ски-центар Маврово.
Претходно, во 14,30 часот, претседателот Вељаноски ќе положи цвеќе на споменикот на загинатите градители пред браната на Мавровското Езеро.