Среда, 29 февруари 2012 година
Трговскиот договор за борба против пиратерија пред Европскиот суд на правдата

Европската комисија на 22 февруари оваа година постигна согласност, трговскиот договор за борба против пиратерија - АКТА, да се проследи до Европскиот суд на правдата со цел судот да процени дали на било каков начин договорот е некомпатибилен со основните човекови права и слободи: слободата на изразување, информирање, заштита на личните податоци и правото на интелектуална сопственост.
Прочитај повеќе
Четврток, 16 февруари 2012 година
МАКЕДОНИЈА - ЧЛЕНКА НА МЕХАНИЗМОТ ЗА ЦИВИЛНА ЗАШТИТА НА ЕУ

Република Македонија, на 10 февруари годинава, стана 32. земја-членка на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, со што станува дел од заедницата на европски народи кои заеднички работат за подобра превенција, подготвеност и реагирање во случај на катастрофи
Прочитај повеќе
Вторник, 14 февруари 2012 година
НОВ СТАТУТ ЗА ЕВРОПСКА ФОНДАЦИЈА

Европската комисија на 8 февруари годинава претстави предлог-регулатива на Советот за статутот на европската фондација, со цел да се олеснат прекуграничните активности на фондациите од јавен интерес и да се олесни нивната поддршка во областа на јавните услуги во Европа. Според согледувањата на Комисијата, многу од фондациите се соочуваат со бројни пречки во случаите кога сакаат да работат надвор од националните граници. Меѓусебните разлики во националното право на земјите-членки честопати ги отежнуваат прекуграничните активности и создаваат повеќе трошоци.
Прочитај повеќе
Четврток, 9 февруари 2012 година
ЕУ ЧЕКОР ПОБЛИЗУ ДО НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ПРОГРАМА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

Во рамките на Данското претседателство со Советот на Европската унија, од 1 до 3 февруари годинава, во Копенхаген се одржа неформална средба на министрите на ЕУ одговорни за единствен пазар, индустрија и истражување. Министрите во рамките на Советот за конкурентност вообичаено се среќаваат шестпати во годината, а два состаноци се неформални
Прочитај повеќе