Четврток, 17 февруари 2011 година

Завршница на седницата на Европарламентот

На вчерашната пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент ја усвои резолуцијата во врска со преговорите за членство на Хрватска во Европската унија, коишто можат да завршат во првата половина на 2011 година под услов земјата да продолжи со успешно спроведување на реформите.

Борбата против корупцијата, поддршката за враќањето на бегалците и реструктурирање на бродоградилиштата се предизвиците со кои сè уште се соочува оваа земја.

По две и пол години преговори, членовите на Европарламентот денеска дадоа „зелено светло“ за ратификација на договорот на ЕУ за слободна трговија со Јужна Кореја.

Европратениците дискутираа и за ситуацијата во Египет, по падот на претседателот Хосни Мубарак, за тоа како 80 милиони Египѓани се исправени пред тешката задача за создавање нов демокраски поредок.

Исто така, Европарламентот усвои нови правила за поголеми права на патниците во автобускиот сообраќај, а одобри и нов закон кој треба официјално да го потврди Советот на министри, а се однесува на спречување интернет продажба на фалсификувани лекарства.



Вторник, 15 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 14 до 17 февруари во Стразбур се одржува пленарна седница на Европскиот парламент. На отворањето, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, говореше за актуелната ситуација во Египет, за пристигнувањето на бегалци од Северна Африка на европските брегови, за Меѓународниот ден против деца војници и неодамнешното извршување на смртна казна во Иран.

Денеска ќе биде ставена на гласање резолуцијата за пензиите, со која се поддржува одржливост на системите и адекватни пензиски примања. Пензиските реформи се во тек во Европа, како одговор на застарувањето на населението во ЕУ и економскиот пад.

На овонеделната седница, исто така, ќе стане збор и за членството на Хрватска во Унијата, како и за спорниот унгарски закон за медиумите.

Европратениците ќе се залагаат и за екологија, преку воведување на почисти и поекономични микробуси во ЕУ.

Во новото законодавство на ЕУ се предвидува да биде опфатена и заштитата на пациентите од фалсификувани лекарства преку интернет продажбата.

На агендата, покрај другото, ќе се најдат и: слободната трговија на ЕУ со Јужна Кореја, Дунавската стратегија, проблемот со зголемувањето на цените на храната во светот, безвизниот режим за граѓаните на ЕУ во Бразил, економските реформи и целите за развој на човековите права.



Вторник, 8 февруари 2011 година

Ден на сигурен интернет – Стоп за злоставувањето деца преку интернет

Денеска, на 8 февруари, се одбележува Денот на сигурен интернет, а темата за оваа година е „Нашиот виртуелен живот“ под мотото „Тоа е повеќе од игра, тоа е вашиот живот“ и се става акцент на кампањата на Советот на Европа против злоставувањето деца преку интернет



Четврток, 3 февруари 2011 година

Европратениците солидарни со протестантите во Египет и Тунис

Мнозинството од политичките групи во Европскиот парламент изразија солидарност со протестантите во Египет и Тунис и го критикуваа недостатокот од единствен европски глас и неодлучноста на Европа во поддршката на протестите во двете земји



Вторник, 2 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, ќе одржи пленарна седница во Брисел, на која ќе се расправа за ЕУ приоритетите на енергетската стратегија со Советот и Комисијата, во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 4 февруари, којшто ќе се фокусира на енергетиката и иновациите

Click