Понеделник, 23 февруари 2009 година
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници одржаa Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за правно наследство на Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за Предлог законот за селекционерски права.
Прочитај повеќе
Петок, 20.02.2009 година, Уставна сала
Работилница за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија
Во Собранието на Република Македонија денеска се одржува работилница за зајакнување на неговите капацитети.Учесниците на работилницата ќе разговараат за улогата на пратеникот и односите со Владата и опозицијата во Парламентот ,за организација и структура на канцеларијата на координаторот на пратеничката група како и за улогата и структурата на комисиите.Работилницата е продолжение на реализација на проектот за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија заедно со Вестминистерска фондација (Westminister foundation for democracy).
Прочитај повеќе
19.2.2009 година, Виена, Австрија
Учество на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ
Прочитај повеќе
Четврток, 19.2.2009 год., Вести од Европска унија
Започнува седница на Европскиот парламент

Брисел - Европската криза ќе биде една од најважните теми на првата годинешна мини-пленарна седница на Европскиот парламент. Одборот за вработување и социјални прашања ќе го извести парламентот за можноста за воведување на т.н. социјално стопанство, како инструмент за намалување на негативните движења на пазарот на капиталот.
Прочитај повеќе
Понеделник, 9 февруари 2009 година, 12 часот, Сала 3
Прес-конференција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран новиот систем на таканаречениот е- парламент, како и новата веб-страница на Собранието на Република Македонија.
Станува збор за проект со кој Собранието на Република Македонија, како прво во регионот го воведува системот на подготовки и водење на електронски седници.
Прочитај повеќе
Вторник, 10 февруари 2009 год. 10,00-12,00 ч., Сала на Уставна комисија
Јавна расправа на тема „Буџетирање по мерка на децата“
Комисија за еднакви можности на жените и мажите Во соработка со Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ)
Прочитај повеќе
Тирана, 4 - 6 февруари 2009
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија на покана на Собранието на Република Албанија ќе присуствува на тематска средба на парламентарните комисии надлежни за Коридорот 8
Делегацијата во состав Андреј Петров, заменик-претседател и членовите на комисијата Јован Лазарев, Катерина Димеска, Тахир Хани и Томе Чинговски ќе се сретне со парламентарните комисии на Република Албанија, Република Бугарија, Република Италија надлежни за Коридорот 8 и со претставници на ЕК за поттикнување на проектот „Коридор 8“.
Прочитај повеќе
ПЕТОК, 6.2.2009 год.12,00 часот, Уставна сала
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за превенција на тероризмот;
Прочитај повеќе
Четврток, 12 февруари 2009 година, Будимпешта, Република Унгарија
Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) - Регион Европа
Прочитај повеќе
Среда, 18 февруари 2009 год. 11,00 часот, Сала 1
ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан;
Прочитај повеќе
Четврток, 26 февруари 2009 година
СООПШТЕНИЕ
На 26 февруари 2006, четврток во 14 часот, во Сала 2 во Собранието на Република Македонија свечено ќе се отвори Собраниската библиотека.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 февруари 2009 година
СООПШТЕНИЕ
Делегација на Собранието на РМ, во чиј состав се пратениците Станка Анастасова и Зумрете Јакупи учествува на дводневна работилница за безбедност на храната, во Софија, во организација на Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка и Европската комисија, во рамки на TAIEX програмата.
Прочитај повеќе
Четврток, 26 февруари 2009 година, Ротмиље
СООПШТЕНИЕ
На 26 февруари 2009 година , по повод одбележувањето на пет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г.Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на Република Македонија, ќе отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина за да положи свежо цвеќе на Спомен обележјето.
Прочитај повеќе
Петок, 27 февруари 2009 год
најава за посетатa на ад хок комисијата на парламентарното собрание на советот на европа за набљудување на претседателските избори во Република Македонија
Предизборна мисија
Прочитај повеќе