Петок, 25 февруари 2011 година
Проштална средба на претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со Н.Е. Ерван Фуере


Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Ерван Фуере.
Претседателот на комисијата, г-ѓа Теута Арифи упати благодарност до амбасадорот Фуере за неговиот ангажман и личен придонес во унапредувањето на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, во чиј мандат Македонија ја доби препораката на Европската комисија за почеток на претпристапни преговори и воспоставување на безвизниот режим на патување за македонските граѓани во шенген зоната.
Амбасaдорот, г. Ерван Фуере изрази задоволство за нивото на остварената соработка со институциите во државата и секако со македонскиот парламент, особено со надлежните тела во собранието за евроинтегративниот процес на државата, но и со пратениците поединечно. Го изрази задоволството од престојот во Македонија и изрази надеж за скорешно отпочнување на преговорите за членство на нашата држава во Унијата.
На средбата соговорниците разменија мислења и за актуелната состојба во државата.