Среда, 24 февруари 2010 година Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, прими делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, денеска во протоколарна посета прими делегација од Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија.
На средбата се разговараше за образованиот систем во двете држави, и за тоа како е решено прашањето на образованието на етничките заедници.
Претставниците на Комисијата за образование, наука и спорт при Долниот дом на Парламентот на Романија истакнаа дека романската влада сака да соработува со Владата на Република Македонија и да даде финансиска поддршка за да се едуцираат Власите во Република Македонија на влашки јазик.