Понеделник, 25 февруари 2013 година
Положување свежо цвеќе
Делегација на Собранието на Република Македонија, на 26 февруари 2013 година, во 11 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски, на Алејата на великаните, гробишта Бутел.
Собраниската делегација ќе биде предводена од потпретседателот, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав: г-ѓа Сузана Салиу, г-ѓа Силвана Бонева и г-ѓа Владанка Авировиќ.
Прочитај повеќе
Четврток, 21 февруари 2013 година
Учество на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ
Пратениците г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата, учествуваат на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ, што се оддржува на 21 и 22 февруари 2013 година во Виена, Австрија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 18 февруари 2013 година
ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА ВО БРИСЕЛ
Делегација на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, а во состав г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања; г. Реџаил Исмаили и г. Драган Цуклев, на 21 и 22 февруари 2013 година ќе престојува во Брисел, Кралството Белгија
Прочитај повеќе
Вторник, 5 февруари 2013 година
Учество на промоција на регионалнаТА студија Економски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан
Во рамките на проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Улогата на парламентите и владите во промовирање на конкурентноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан, претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе учествува на промоцијата на регионалната студија: Eкономски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Белград, Република Србија
Прочитај повеќе
Понеделник, 4 февруари 2013 година
Положување свежо цвеќе
По повод 141 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот, г-ѓа Светлана Јакимовска, а во состав на г. Антонио Милошоски и г-ѓа Владанка Авировиќ, ќе положи венци свежо цвеќе во:
- 11,00 часот на гробот на Гоце Делчев, црква „Свети Спас";
- 12,00 часот на споменикот на Гоце Делчев, плоштад „Македонија".
Прочитај повеќе