Понеделник, 30 јануари 2012 година

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на конференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, денеска учествува на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, која се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседателство со Европската унија.



Среда, 25 јануари 2012 година

Јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со Здружението за борба против рак „Борка“ и Европската асоцијација за борба против рак на грлото на матката, чиј полноправен член е македонското здружение, денеска одржа јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство.



Среда, 25 јануари 2012 година

Осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осма седница, како матично работно тело ги разгледа



Среда, 25 јануари 2012 година

Поддршка од европратениците за датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Да се определи датум за почеток на пристапни преговори со Република Македонија за членство во Европската унија, се бара во Резолуцијата која вчера ја усвои Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Во неа се нагласува потребата да се продолжи напред со интегрирањето во Европа и усогласувањето со ЕУ законодавството



Вторник, 24 јануари 2012 година

Словачка со безрезервна поддршка за Македонија на патот кон ЕУ

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Словачката Република и Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, остварија средба со заменик-претседателот на Владата и министер за труд и социјални прашања и семејство на Република Словачка, г. Јозеф Михал



Вторник, 24 јануари 2012 година, Стразбур

Македонија очекува почитување на одлуката на Судот и покана за членство во НАТО

Во рамките на редовната јануарска сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) во Стразбур, пратеникот Александар Николоски, во својство на шеф на македонската делегација, имаше обраќање по повод одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг



Петок, 20 јануари 2012 година

Албанија е силен сојузник во интегрирањето на Македонија во НАТО

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот, г. Владимир Ѓорчев, денеска оствари средба со г. Арбен Имами, министер за одбрана на Република Албанија.



Среда, 18 јануари 2012 година

Избрани 14 нови потпретседатели на Европарламентот

На пленарната седница во Стразбур, во третиот круг од гласањето, европратениците ги избраа 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, кои ќе му бидат заменици на новиот претседател, г. Мартин Шулц



Вторник, 17 јануари 2012 година

Претставени приоритетите и програмата на Данското претседателство со ЕУ

На 10. седница на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија беа претставени приоритетите и програмата за работата на Претседателството на Кралството Данска со Европската унија во периодот јануари-јуни 2012 година, од страна на амбасадорот на Кралството Данска задолжен за Република Македонија со седиште во Виена, Н.Е.Торбен Брил.



Вторник, 17 јануари 2012 година

Мартин Шулц – нов претседател на Европарламентот

Германецот Мартин Шулц е новиот претседател на Европскиот парламент, откако утринава беше изгласан со 387 гласови во првиот круг на гласањето. Наследникот на г. Јержи Бузек ќе се задржи на оваа позиција до јуни 2014 година.



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 16 до 19 јануари 2012 година, ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, на дневен ред, меѓу останато, ќе се најде и изборот на нов претседател, 14 потпретседатели и пет квестори.



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четиринаесеттата седница, одржана на 12 јануари 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 17. Седница, одржана на 10 јануари 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа



Четврток, 12 јануари 2012 година

Деветта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 9. седница, одржана на 10 јануари 2012 година, како заинтересирано работно тело, ги разгледа:



Среда, 11 јануари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големото национално собрание на Република Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на денешната средба со Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство, го истакна континуитетот на високо развиените односи меѓу двете држави, како во сферата на политичките односи, така и на полето на економската соработка



Среда, 11 јануари 2012 година

Македонија и Турција - земји со одлична соработка, историски и културни врски

Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција и Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија остварија средба со Делегација на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големото национално собрание на Република Турција



Вторник, 10 јануари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Косово, г. Хашим Тачи

„Како одговорни политичари кои сме на чело на конкретни институции, мораме во рамките на нашите надлежности да создаваме услови за натамошен развој на економската соработка. Верувам дека бизнис заедницата и на Република Македонија и на Република Косово од нас тоа го очекуваат, бидејќи досегашното искуство покажува дека за ова има голем интерес. Во тие рамки таа соработка треба да добива нови и повисоки форми, а и да ги опфати сите сфери од енергетиката, инфраструктурата, туризмот“, рече претседателот Вељаноски



Вторник, 10 јануари 2012 година

претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага

Претседателот Вељаноски особено го истакна позитивниот тренд во билатералните односи меѓу двете држави во сите сфери. Во тие рамки е и денешната посета на Делегацијата на Македонското собрание и разговорите со колегите од Косовскиот парламент, која ќе даде импулс за натамошен развој на односите меѓу двете држави



Вторник, 10 јануари 2012 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Косово, г. Јакуп Красниќи

Имајќи предвид дека ова е прва средба на ниво на претседатели на парламенти, претседателот Вељаноски истакна дека таа ќе даде позитивен импулс во натамошниот развој на целокупните односи, посебно на соработката помеѓу двата парламенти. Македонското собрание е подготвено со своите колеги од Косовското собрание да ги сподели сите искуства како во процесот на евроинтеграциите, така и на градење на ефикасни и функционални институции



Вторник, 10 јануари 2012 годинa

Десетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 9 јануари 2012 година, ги разгледа



Среда, 4 јануари 2012 година

Данска - нов претседавач со ЕУ

Од почетокот на новата година, Данска ја презеде од Полска улогата на претседавач со Европската унија. Како свои приоритети за наредните шест месеци Данското претседателство ги издвои: економијата, развојот, екологијата и безбедноста, поделени во четири столбови: одговорна, динамична, зелена и безбедна Европа

Click