Петок, 25 јануари 2013 година
Пратеникот Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК
Во рамките на ирското претседателство со Советот на Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, на 27 и 28 јануари, ќе присуствува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите-членки и земји-кандидатки на Унијата (КОСАК) во Даблин, Ирска.
На конференцијата ќе бидат презентирани програмата и приоритетите на ирското претседателство, а ќе се разговара и за идните предизвици поврзани со финансиската криза во ЕУ.
Прочитај повеќе
Вторник, 22 јануари 2013 година
Собраниска делегација на редовна зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Од 21 до 25 јануари 2013 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.
Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат состојбата во Косово, слободата на медиумите во Европа, ефикасноста на Судот за човекови права, претстојната Конвенција на Советот на Европа за спречување на недозволената трговија со човечки органи, пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, како и хуманитарната состојба во конфликтните зони и областите зафатени од војната меѓу Грузија и Русија.
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе дебатира и по две ургентни точки и тоа за последните случувања во Мали и Алжир и заканите по безбедноста и човековите права во медитеранскиот регион, како и за миграциите и азилот и растечките тензии во Источниот Медитеран.
Свое обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Грузија, г. Михаил Саакашвили, комесарот за проширување и политика на соседство на Европската комисија г. Штефан Филе, министерот за правда на Италија г-ѓа Паола Северино, а министерот за надворешни работи на Андора г. Гилберт Сабоја ќе настапи во својство на претседавач со Комитетот на министрите.
Вообичаено на зимската сесија пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торнбјорн Јагланд.
Прочитај повеќе
Четврток, 17 јануари 2013 година
Мешовитиот парламентарен комитет во посета на Големото народно собрание на Република Турција
Во рамките на билатералната соработка меѓу парламентите на Република Македонија и Република Турција, на иницијатива на копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, Делегација од овој Комитет, денеска ќе оствари официјална посета на Големото народно собрание на Република Турција.
Прочитај повеќе