Петок, 27 јануари 2012 година
Учество на Конференција на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК
Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК на 29-30 јануари 2012 г. во Копенхаген, која е во организација на Данското ЕУ претседателство.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 јануари 2012 година
Учество на Јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Од денеска до 27 јануари 2012 година во Стразбург, Франција, се одржува редовна јануарска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во работата на ПС на СЕ и неговите тела, ќе учествуваат шефот на Делегацијата, г. Александар Николоски, како и замениците на членовите: г-ѓа Соња Мираковска и г. Имер Алиу.
Прочитај повеќе
Понеделник, 9 јануари 2012 година
Официјална посета на претседателот Вељаноски на Република Косово
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на 10 јануари 2012 година, ќе оствари официјална посета на Република Косово.
Прочитај повеќе
Вторник, 10 јануари 2012 година
Јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство
Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со Здружението за борба против рак „Борка“ и Европската асоцијација за борба против рак на грлото на матката, чиј полноправен член е македонското здружение, на 25 јануари 2012 година во 10,00 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, ќе се одржи јавна расправа на тема: Превенција од рак на грлото на матката - македонско и европско искуство
Прочитај повеќе