Понеделник, 23 јануари 2012 година
2012 - ЕВРОПСКА ГОДИНА НА АКТИВНА СТАРОСТ И СОЛИДАРНОСТ МЕЃУ ГЕНЕРАЦИИТЕ

На 18 и 19 јануари оваа година, во рамките на Данското претседателство со Советот на Европската унија, во Копенхаген се одржа Конференција посветена на Европската година на активна старост и солидарност меѓу генерациите. Во фокусот на конференцијата беа опциите кои активната старост и солидарноста меѓу генерациите ги обезбедуваат за поединецот, како и за општеството во целина, како и дебатите за промените и иновативните решенија. Беа презентирани бројни позитивни примери за тоа како различни европски земји се справуваат со активната старост.
Прочитај повеќе
Петок, 13 јануари 2012 година
АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА ВО ЕВРОПА ДО 2015 ГОДИНА

Европската комисија на 11 јануари 2012 година го претстави Акциониот план за удвојување на обемот на електронската трговија (е-трговија) во Европа и други онлајн услуги. Развојот на електронската трговија и онлајн услугите нуди огромен потенцијал за корисни економски, социјални и општествени промени. Интернетот и е-трговијата имаат огромен потенцијал за зголемување на растот и создавање на работни места
Прочитај повеќе
Среда, 4 јануари 2012 година
ПРИОРИТЕТИ НА ДАНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Данското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2012 ќе се стреми да спроведе отворено, пристапно и професионално претседателство посветено на постигнување на резултати во рамките на одговорностите на ротирачко претседателство со Советот, уредено со Лисабонскиот договор. Данското претседателство во тесна соработка со Европскиот парламент, Европската комисија, претседателот на Европскиот совет и Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, ќе се фокусира на следните главни области со цел да се постигне следното:
Прочитај повеќе