Вторник, 29 јануари 2013 година
Дваесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 24. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното;
- Предлог-законот за земјоделски задруги;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство.
По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, Комисијата ги разгледа и усвои четирите амандмани поднесени од овластените предлагачи.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претседавачот со Комисијата, г. Малиша Станковиќ, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законот за земјоделски задруги и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство.
По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законот за земјоделски задруги и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.