Среда, 23 јануари 2013 година
Триесет и втора седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на денешната 32. седница, по скратена постапка - II читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување на Законот за социјална заштита;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Според Деловникот на Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок, до почетокот на седницата, по двата Предлог-закони не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Предлог-законите ги образложи заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими.
Комисијата ги проследи овие Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.