Четврток, 17 јануари 2013 година
Дваесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 22. седница одржана денеска, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното;
- Предлог законот за земјоделски задруги;
- Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за сточарство;
На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заменик-министерот, г. Зоран Коњановски, ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа горенаведените Предлог - закони и оцени дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.