Среда, 15 јануари 2014 година
Деведесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Деведесет и втора седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;
- Предлог-законот за финансиската полиција;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница;
- Предлог-законот за дополнување на Законот за пригодни ковани пари.
По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница, Комисијата водеше претрес по 8 амандмани поднесени од пратениците Марјанчо Николов, Самка Ибраимоски, Миле Андонов, Стојко Пауновски, Ленче Николовска, Панче Орцев и Борче Ставров, како и по 4 амандмани поднесени од пратеникот Самка Ибраимоски. Претставникот на Владата не се согласи со поднесените амандмани и Комисијата не ги усвои истите.
По останатите три Предлог-закони, во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.
- Комисијата ги проследи сите четири Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.