Петок, 31 јануари 2014 година
Промовирана Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите


Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, ја промовираше Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија (2006 – 2013).
Печатењето на брошурата е поддржано од канцеларијата на Un Women во Скопје, а е во функција на менторската програма за локалните комисии за еднакви можности.
Со пригодни обраќања, носењето на брошурата го поздравија Доминика Стојановска, шеф на Канцеларијата на Un Women; Афердита Имери, претставник на Македонското женско лоби и рецезент на брошурата; Тања Томиќ, координаторка на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија; Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација и Мердита Салиу, раководител на Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика.
Брошурата ја презентираше Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
На седницата, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, присуствуваа и членовите на Клубот на пратенички, претставници на Министерството на труд и социјална политика и локалните комисии за еднакви можности.
* Брошурата можете да ја погледнете тука.