Понеделник, 1 јули 2013 година
Учество на 3. меѓународна конфереција на Законодавно-правни комсии
Во организација на Фондацијата IRZ, во соработка со претседателот на Комисијата за правни прашања на германскиот Бундестаг, Зигфрид Каудер ќе се одржи Третата меѓународна конфереција на Законодавно-правни комсии.
Конференцијата ќе се одржи од 1 до 2 јули 2013 година во Берлин, Сојузна Република Германија.
Од Собранието на Република Македонија, на конференцијата ќе учествуваат пратениците: г. Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Законодавно-правната комисија и г-ѓа Марија Рашковска член на Законодавно-правната комисија.
Тема на конференцијата ќе биде „Законодавниот процес -Улогата и влијанието на институциите”.
Пратениците ќе имаат изворна можност заедно со претставници на 12 земји-учеснички да дебатираат на следните теми: Законодавниот процес, Учеството на граѓанското општество, професионалните здруженија, во работата на парламентот: лобирањето - благослов или проклетство. Според програмата на конференцијата, на пратениците ќе им биде презентиран и законодавниот процес во Сојузна Република Германија од перспектива на Бундестагот и Бундестратот, Сојузната влада, професионалните здруженија и бизнисот.
Се очекува заменик на претседателот на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, г. Малиша Станковиќ да има кратка презентација на тема: „Законодавниот процес".