Петок, 5 јули 2013 година
Учество на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки-КОСАК
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини од 7 до 8 јули во Вилнус, Република Литванија, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидатки-КОСАК.
На конференцијата ќе бидат презентирани програмата и приоритетите на литванското претседателство со Унијата, а ќе биде дискутирано и за идните чекори кои се однесуваат на создавање на една силна политичка и економска Европска унија.