Четврток, 2 јули 2009 година
Пратеникот Оливер Шамбевски ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија
Пратеникот Оливер Шамбевски од име на Групата на европски народни партии е предложен да биде член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Бугарија на 5 јули 2009 година.
Комисијата која е составена од 20 членови, ќе престојува во Бугарија од 3 до 6 јули и ќе оствари средби со шефот на Мисијата на ОДИХР во Бугарија, претседателот на Централната изборна комисија, претседателот на Уставниот суд, претставниците на политичките партии застапени во Парламентот, како и со претставниците на граѓанското општество и медиумите, пред набљудувањето на гласањето на 5 јули по избирачки места низ целата држава.