Среда, 10 јули 2013 година
Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 34. седница, како матично работно тело, во итна постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани по Предлог-законот.
Комисијата заклучи Предлогот на законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.