Вторник, 30 јули 2013 година
Триесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 35. седница, одржана на 24 јули 2013 година, како матично работно тело ги разгледа:
- Информацијата за состојбата со откупот на пченицата за реколтата 2012/2013 година;
- Информацијата за Договорот за закуп на земјоделско земјиште склучен меѓу закуподавачот Република Македонија - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и закупецот ДПЗП Сахара Пуре Еатаблес Цорпоратион Лимитед Дооел застапувано од Сукхбиндер Сингх Хеер;
На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во дискусија по Информациите учествуваа пратениците: г-ѓа Ленче Николовска, г. Марјанчо Николов, г. Малиша Станковиќ, г. Ромео Тренов, г-ѓа Станка Анастасова, г. Самка Ибраимовски, г. Панче Орцев, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Горан Сугарески и г. Панче Дамески.
Претресот по Информациите заврши со прост премин.