Понеделник, 23 јули 2012 година
Дваесет и втора седница на Комисијата за европски прашања
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 22. седница, одржана на 18 јули 2012 година, во прво читање ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за адвокатура;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите.
На седницата на Комисијата, во својство на преставници на Владата на Република Македонија присуствува: г-ѓа Билјана Бришковска-Бошковски, заменик-министер за правда, г. Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање и г-ѓа Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи, кои дадоа образложениe за потребата од донесувањето на законите, од аспект на нивната усогласеност со правото на Европската унија.
Во расправата учествуваа: г-ѓа Гордана Јанкуловска, министерот за внатрешни работи како и пратениците: г-ца Маринела Тушева, г-ѓа Силвана Бонева и г-ѓа Владанка Авировиќ.
На крајот од расправата, Комисијата со седум гласа „за" заклучи дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање, од аспект на нивната усогласеност со правото на ЕУ.