Четврток, 12 јули 2012 година
Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на вчерашната Триесет и трета седница, го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - II читање.
Комисијата по Предлогот на законот претресе и усвои 5 амандмани поднесени од овластените предлагачи.
Врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе еден амандман.
Амадманот се предлага заради допрецизирање на начинот на распределба и висината на средствата кои согласно наведените членови можат да се користат за предвидените намени.
По расправата Комисијата заклучи Предлогот на законот за комунални дејности - II читање да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.