Четврток, 28 јуни 2012 година

Учество на собраниска делегација на парламентарен семинар во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Панче Орцев, Малиша Станковиќ, Реџаиљ Исмаили и Борче Ставров, членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе учествува на парламентарен семинар кој ќе се одржи на 28 и 29 јуни 2012 година во Европскиот парламент, во Брисел

Понеделник, 25 јуни 2012 година
 
Собраниска делегација на летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во Стразбур, Франција од 25 до 29 јуни се одржува редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

На сесијата обраќање ќе имаат премиерот на Република Албанија, г. Сали Бериша и премиерот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ, потоа министерот за надворешни работи на Италија, г. Џулио Терзи ди Сант'Агата, претседателот на Собранието  на Тунис, г. Мустафа Бен Јафар, министерот за економија на Исланд, г. Стингримур Сигфусон и други.

Главни теми на дискусија според дневиот ред, ќе бидат демократијата во опасност: улогата на граѓаните и на државата денес, влијанието на финансиската и економската криза и опасноста на мерките за штедење врз демократијата и човековите права, повеќекратната дискриминација врз жените Муслиманки во Европа, мигрантите Роми и др.

На оваа сесија, пратниците ќе избираат и заменик на генерален секретарна Советот на Европа.

 


Четврток, 21 јуни 2012 година

Учество на собраниска делегација на Меѓупарламентарна работилница во Бечиќи

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Билјана Казанџиска и г-ѓа Владанка Авировиќ, на 21 и 22 јуни 2012 година, учествуваат на Меѓупарламентарна работилница на тема: „Улогата на парламентите во пристапниот преговарачки процес“, во Бечиќи, Црна Гора, во организација на Парламентот на Црна Гора и на Европскиот парламент



Среда, 6 јуни 2012 година

Учество на десеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија во Брисел

На овој состанок, од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија ќе учествуваат: г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (ко-претседавач на овој Комитет), г. Андреј Петров, потпретседател на делегацијата (заменик ко-претседавач на Комитетот), г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, г. Арбен Љабеништа, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член

Click