Вторник, 29 јуни 2010 година
Европски совет одржан на 17 јуни 2010 во Брисел
На состанокот беше усвоена новата десетгодишна стратегија Европа 2020, документ кој е од особено значење за излез од финансиската криза. Целта на оваа стратегија е да се зголеми конкуренцијата и продуктивноста кои неминовно позитивно ќе влијаат на потенцијалот за раст, ќе ја подобрат социјалната кохезија и економското управување. Стратегијата предвидува среднорочни и долгорочни реформи преку кои ќе се обезбеди зголемување на вработеноста и одржливост на јавните финансии, за што е потребна и реформа на пензискиот систем
Прочитај повеќе
Понеделник, 21 јуни 2010
ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИОТ РЕЖИМ СО ГРУЗИЈА
Европската унија и Грузија на 17 јуни потпишаа договор за олеснување на визниот режим, со што се отвораат можности за полесно патување и подобро остварување на контакти помеѓу луѓето низ Европа.
Прочитај повеќе
Вторник, 15 јуни 2010 година
Европска енергетска заедница за 21 век

На заедничкиот парламентарен состанок на членовите на Европскиот парламент и членовите на националните парламенти, одржан во ЕП на 7 и 8 јуни оваа година, се дебатираше на тема „Кон Европска енергетска заедница за 21 век".
Прочитај повеќе
Петок, 11 јуни 2010, Европски совет
Проект Европа 2030

Согласно заклучоците на претседателството на Европскиот совет од 14 декември 2007 година, беше формирана независна група во 2008 година, со цел да ги идентификува и анализира состојите и да предложи решенија на подолг рок со цел да се исполнат предизвиците со кои Европската унија ќе се соочува во периодот до 2020-2030 година. Групата е предводена од г.Фелипе Гонзалес и е составена од 12 членови експерти од различни области.
Прочитај повеќе
Петок, 11 јуни 2010 година
Стратегија за модернизација на стручното образование и обуката во Европа

Европската комисија на 9 јуни презентираше реформи за модернизација на стручното образование и обуката во Европа, со цел образованието да стане поатрактивно за младите и да се понуди повисок квалитет на образованието, како и можности за надградување на вештините на повозрасните луѓе.
Прочитај повеќе
Понеделник, 7 јуни 2010 година
Состанок на високо ниво за Западен Балкан

Во Сараево, на 2 јуни 2010 година, се одржа состанок на високо ниво за Западен Балкан, со што се одбележа десетгодишнина од Самитот во Загреб, кој понуди европска перспектива за Западен Балкан, претходно утврдена со Солунската агенда од 2003 година
Прочитај повеќе
Петок, 4 јуни 2010 година
Конференција „Зелена недела 2010“

На 1 јуни Комесарот за животна средина, г. Јанез Поточник, ја отвори четиридневната конференција насловена како „Зелена недела 2010“, посветена на прашањата од областа на животната средина
Прочитај повеќе