Четврток, 30 јуни 2011 година

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ

По речиси шест години преговори за членство во Европската унија, денеска на Меѓувладината конференција за пристапување, Хрватска ќе стави крај на овој европски пат, со затворање на последните четири поглавја



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Говор на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, на првата конститутивна седница

Довербата што ми ја искажавте, избирајќи ме на функцијата претседател на седмиот состав на македонскиот законодавен дом, претставува огромна чест и обврска за мене, особено затоа што доаѓа во мигови кога од нашата заедничка посветеност и делување во голема мера ќе биде определена траекторијата по која ќе се движи нашата татковина. Во оваа смисла, дозволете да ве уверам дека должноста што ми ја доверивте ќе ја извршувам совесно, пожртвувано и најмногу од сè – одговорно. Моето политичко искуство, посветеноста во остварувањето на македонските национални приоритети, како и приврзаноста кон вредностите на демократијата, нека бидат дополнителна потврда дека македонското собрание и во иднина, како и во минатото, ќе биде најсилниот гарант за реализацијата на нашите државни интереси.



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Конституиран седмиот парламентарен состав

По вонредните парламентарни избори, на 25 јуни 2011 година, се конституира новото Собрание на Република Македонија, на кое беа верификувани мандатите на 123 пратеници, а г. Трајко Вељаноски беше реизбран на функцијата претседател на Собранието

Click