Петок, 28 јуни 2013 година

ПССЕ го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија

Со огромно мнозинство гласови, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера го усвои Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој го изготви британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.



Четврток, 27 јуни 2013 година

ПССЕ ќе расправа за Македонија

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во рамките на денешниот ден од пленарната седница во Стразбур, ќе расправа за Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, изготвен од британскиот пратеник, г. Роберт Волтер.



Среда, 19 јуни 2013 година

Г-8 Самит

Унапредувањето на глобалната трговија, борбата против затајувањето и избегнувањето данок, поголема транспарентност, светската економија и кризата во Сирија, беа во фокусот на 39. Самит на Г-8, кој се одржа во текот на претходните два во Велика Британија



Понеделник, 10 јуни 2013 година

Пленарна седница на европскиот законодавен дом

Европскиот парламент, од 10 до 13 јуни, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за одредени шенген реформи во врска со нелегалните гранични проверки. Исто така, ќе се гласа за воведување на заеднички европски систем за справување со азилот, со оглед на бројката од 330.000 баратели на азил, кои биле регистрирани во земјите од Европската унија во 2012 година



Вторник, 4 јуни 2013 година

ЕУ Зелена недела

Најголемата годишна конференција на Европската политика за животна средина, Зелената недела, по 13. пат ќе се одржи од 4 до 7 јуни 2013 година, во Брисел, овојпат под мотото „почист воздух за сите“, со цел да се подобри квалитетот на воздухот кој го дишеме

Click