Четврток, 9 мај 2013 година
Дваесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 29. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Комисијата, со 5 гласа „за“ и 3 „воздржани“ по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите и едногласно по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.