Понеделник, 20 мај 2013 година
Триесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 30. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законите.
По расправата, Комисијата заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.