Понеделник, 31 мај 2010 година

Секој има право на највисоко ниво на физичко и ментално здравје

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска организираше јавна дебата на тема „Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје“. Главната цел на Стратегијата е до 2020 година сите граѓани во Република Македонија да имаат подобро сексуално и репродуктивно здравје



Понеделник, 31 мај 2010 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и третата седница, одржана на 28 мај 2010 година, како матично работно тело ги разгледа: Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на добивка (прво читање), Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води” (прво читање) и Предлогот на Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Македонија за период од 2010 до 2012 година



Петок, 28 мај 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија со делегација на Одборот за односи со Србите надвор од Србија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија денеска имаше средба со делегација на Одборот за односи со Србите надвор од Србија



Петок, 28 мај 2010 година, Комисија за економски прашања

Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Четириесет и втората седница, одржана на 28 мај 2010 година, како матично работно тело организираше Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за искористувањето на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година



Четврток, 27 мај 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Романија, г. Трајан Басеску

На средбата, претседателот Вељаноски изрази благодарност за досегашната поддршка од Република Романија како наша пријателска земја кон нашите eвроатлантски интеграции, ја истакна нашата цврста определба за интеграција во НАТО преку продолжување на нашето активно учество во воените мировни мисии на НАТО и го искажа своето задоволство од досегашното ниво на парламентарна соработка меѓу двете држави



Вторник, 25 мај 2010 година, Рим

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Република Италија, г. Џанфранко Фини

Собраниска делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во која се и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, заменик- координаторот на пратеничката група на ДУИ, г. Сафет Незири, заменик- координаторот на пратеничката група на СДСМ, г. Марјанчо Николов и заменик-координаторот на пратеничката група на НСДП, ЛП и НА, г. Горан Мисовски, денеска остварија средба со претседателот на Претставничкиот дом на Република Италија, г. Џанфранко Фини



Вторник, 25 мај 2010 година, Загреб, Хрватска

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

Делегацијата на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска, која се наоѓа во тридневна возвратна посета на Саборот, предводена од г-ѓа Благородна Дулиќ, денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ



Вторник, 25 мај 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити со делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија предводена од претседателот на комисијата, г. Титус Корлацеан.



Вторник, 25 мај 2010 година

Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, со членовите г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Александар Спасеновски, г. Панче Дамески и г. Јован Лазаров, денеска остварија средба со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија, предводена од претседателот на Комисијата, г. Титус Корлацеан



Вторник, 25 мај 2010 година

Внатрешните реформи – прв чекор за успешен влез во ЕУ

Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија, која денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи и членови на Комисијата, ги посочи внатрешните реформи и поддршката од надворешните пријатели како важни елементи за успешен влез во Европската унија



Петок, 21 мај 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на седницата на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Пред 20 години на знамето на Советот на Европа светеа само 12 ѕвезди, а денес има 47 држави-членки со над 830 милиони Европејци, односно се оствари познатата мисла на големиот државник и Европеец Винстон Черчил - "Нека биде создадена Европа" изречена во далечната 1946 година. Пред 20 години поимите човекови права и слободи, парламентарна демократија, пазарна економија беа табу-теми за сите нас кои бевме од онаа страна на железната завеса, односно беа само фасада за покривање на еднопартсиките системи



Петок, 21 мај 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА Г. МЕВЛУТ ЧАВУШОГЛУ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА НА СЕДНИЦАТА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ

Пред сѐ би сакал да му заблагодарам на парламентот, особено на претседателот, за тоа што е домаќин на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Скопје. Министре Милошоски, вашето претседателство со Комитетот на министри само што започна и веќе имаме можност да работиме заедно. Го поздравувам вашето присуство затоа што тоа е знак дека имате волја понатаму да ја зајакнете соработката со Парламентарното собрание и за тоа ви благодарам. Од наша страна, подготвени сме да дадеме целосна поддршка за вашето претседателство и во очекување сме да ве пречекаме во нашиот Хемицил во текот на полу-сесијата во јуни



Петок, 21 мај 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА СЕСИЈА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Ми причинува големо задоволство да ви посакам добредојде во Скопје и да му се обратам на овој почитуван форум во својство на претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето со најстарата политичка организација во Европа претставува голем предизвик за мене лично и за мојата земја. Постојат многу причини зошто е тоа предизвик, но јас нема да се осврнам на некои од нив кои се очигледни, но истовремено и единствени. Наместо тоа ќе се концентрирам на прашањата од интерес за организацијата

Четврток, 20 мај 2010 година

Шеесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и втората седница, одржана на 17 мај 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација (по скратена постапка).

Овој Предлог-закон го поднесоа пратениците: Марија Андоновска, Јован Гинев, Цветко Грозданов, Томе Даневски, Катерина Димеска, Панче Дамески, Оливер Деркоски, Благородна Дулиќ, Веле Ѓорѓиевски, Соња Ѓелова Стојанова, Лилјана Затуроска, Илија Китаноски, Анита Кипаризова Крстеска, Никола Котевски и Цена Матевска.

Воведно образложение по поднесениот закон даде пратеникот Благородна Дулиќ, во својство на претставник на предлагачите на законот. 

Таа истакна дека предложениот закон има за цел да ги отстрани дилемите во однос на примената на одредбите кои ја уредуваат забраната за располагање со имотот кој е предмет на денационализација и времетраењето на таа забрана, како и услови за скратување на постапката за денационализација.

Со додавање на нов став 5 во членот 49 од Законот се допрецизира кога за уважените барања за денационализација ќе се определи надомест, а кога ќе се врши враќање на имотот. 

Со предложените измени се брише правото да се изјави жалба против решението на органот за денационализација, со тоа што се предлага против решението на овој орган да може да се поведе управен спор. 

Со одредбите за менување на членот 64 се врши допрецизирање во однос на забраната за располагање со имотот предмет на денационализација. 

Во претресот учествуваа пратениците Јован Манасијевски, Крсто Мукоски, Марјанчо Николов, Талат Џафери, Флора Кадриу, Миле Андонов, Силвана Бонева, Абедин Зумбери и Цветанка Иванова.

На текстот на Предлогот на законот беа поднесени 11 амандмани, од кои два не беа разгледани, два беа усвоени и седум не беа усвоени.

Комисијата со пет гласа „за“ и три „против“ заклучи дека согласно член 155 од Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација.


Вторник, 18 мај 2010 година

Намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост - неопходна стратешка цел

Во организација на Комисијата за труд и социјална политика, денеска во Собранието на Република Македонија, се одржа Јавна расправа по Предлог-националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија



Вторник, 18 мај 2010 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлог-законот за изменување на Законот за водите

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 36. Седница, одржана на 18 мај 2010 година, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за водите



Понеделник, 17 мај 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод свеченото потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу швајцарскиот федерален совет и Собранието на Република Македонија

Ми претставува особено задоволство што денеска пристапуваме кон официјално потпишување на еден значаен проектен документ за развојот на нашиот парламентарен капацитет. На оваа мала свеченост, заедно со нејзината екселенција Никол Вирш, амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Република Македонија, ќе го потпишеме Меморандумот за разбирање со кој се поддржува основањето и развојот на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. 



Петок, 14 мај 2010 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, во Стокхолм

Денеска во Стокхолм започна дводневна конференција на претседатели на парламенти на државите-членки на Европската унија и на државите-кандидати. Претпладневната сесија беше посветена на Лисабонскиот договор и меѓупарламентарната соработка, а свое излагање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски



Вторник, 11 мај 2010 година

Стартуваше Македонското претседателство 2010

Под логото „Македонско претседателство 2010“, на 120. Министерска сесија во Стразбур, Република Македонија денеска официјално го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Откако министерот за надворешни работи на Швајцарија, г-ѓа Мишелин Калми-Реј, поднесе извештај за она што го сработила нејзината држава во текот на претседавањето во последните шест месеци, шефот на македонската дипломатија, г. Антонио Милошоски, го презеде претседателството и ги претстави приоритетите на програмата на Република Македонија.

„Ова е историски ден за нашата држава. Република Македонија пред 15 години стана членка на Советот на Европа, а денеска ја има можноста да претседава. Тоа е голема чест, но и обврска. Задоволни сме од начинот на кој беше сослушана и поддржана нашата презентација, посебно во делот на приоритетите на нашето претседателство“, изјави г. Милошоски.

Македонското претседателство, меѓу другото, акцент ќе стави на: заштитата на човековите права, меѓукултурниот дијалог и вклучување на младите во општествениот живот.

За време на претседавањето, Република Македонија ќе организира повеќе настани, а првиот од нив е состанокот на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 20 и 21 мај во Скопје.

Советот на Европа од македонското претседателство очекува да биде активно, ефикасно и да биде составен дел од приоритетите на Европскиот совет.

Ротационото претседателство нашата држава го презеде од Швајцарија, а во ноември ќе ѝ го предаде на Турција.

Освен преземањето на претседателството од страна на нашата држава, на седницата беа разгледани и следните точки: проследување на конференцијата на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права, мерките преземени од страна на Советот на Европа по конфликтот во Грузија, односите меѓу Советот на Европа и Европската унија и процесот на реформите на Советот на Европа и неговата стратешката улога и одговорност во однос на Босна и Херцеговина.



Понеделник, 10 мај 2010 година

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Утре, на 11 мај, Република Македонија ќе го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа за следните шест месеци. Ова ќе се случи во Стразбур на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европскиот совет



Петок, 7 мај 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е. Душан Мрдојевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот и ополномоштен амбасадор на Република Црна Гора за Република Македонија, Н.Е.Душан Мрдојевиќ



Петок, 7 мај 2010 година

Јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија"

Собранието на Република Македонија во рамките на традиционалната манифестација „Отворен парламент“ во соработка со Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ), денеска организираа меѓународна научна и јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија" по повод 9 мај - Денот на Европа



Петок, 7 мај 2010 година

Собранието на Република Македонија една од најотворените и најтранспарентни државни институции

Во рамките на Отворен парламент, кој оваа година се одржува во соработка со НДИ, со Граѓанската асоцијација МОСТ и со Институтот за парламентарна демократија (ИПД) се одржа трибина на тема: „Кон отворен и транспарентен дијалог помеѓу Собрание на Република Македонија и граѓанскиот сектор“ на која присуствуваа пратеници и повеќе претставници од невладиниот сектор

Четврток, 6 мај 2010 година

„Македонско претседателство 2010“ - официјално лого за претседавање со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Стилизирано македонско знаме со логото на Советот на Европа, проследено со текстот на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“, придружено од десната страна со официјалното лого на Комитетот на министри на Советот на Европа, е официјалното лого под кое Република Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Логото беше официјално промовирано вчера на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој заседаваше на амбасадорско ниво во Стразбур, во пресрет на 120. министерска сесија, која ќе се одржи на 11 мај 2010 година.

Документот дополнително носи и соодветна ознака својствена на сите службени документи на Комитетот на министрите - ЦМ/Инф (2010) 19.

Во согласност со востановенатa практика во меѓународните организации од членството на Република Македонија во ООН до денес, документот ќе биде дистрибуиран до останатите 46 земји-членки, со покривна страница на која се наоѓа референцата која се користи за привремено ословување на државата, во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993, без никакви промени во содржината на документот, кој го содржи официјалното лого и именувањето на оваа функција во Советот на Европа како „Македонско претседателство 2010“.

Приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите официјално ќе бидат претставени од страна на министерот за надворешни работи, г. Антонио Милошоски, на министерската сесија.


Среда, 5 мај 2010 година

Претседателот на Собранието на република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими министерот за надворешни работи на Република Бугарија, г. Николај Младенов

Во разговорите и двете страни ги истакнаа високоразвиените билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија на сите полиња, а кои со во корист на двете држави, но имаат и значајна улога во стабилноста на целиот регион и пошироко



Вторник, 4 мај 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски го прими вицепремиерот и министер за надворешни работи на Израел, г. Авигдор Либерман

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, правејќи историски пресек на односите меѓу двата народи кои започнуваат уште во 15 век, кога на овие простори се доселуваат Сефрадиските Евреи, истакна дека низ векови е создадена вистинска симбиоза на заеднички живот, која за жал беше насилно прекината во 1943 година, кога над 7200 македонски Евреи беа депортирани во Треблинка, каде што беа брутално ликвидирани.



Вторник, 4 мај 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и шестата седница, одржана на 3 мај 2010 година, како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони



Понеделник, 3 мај 2010 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 3 мај 2010 година ја одржа Шеесет и првата седница, на која како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва (второ читање);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови (второ читање);
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за меница (второ читање);
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за   банките (второ читање);
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  вршење на услуги брз трансфер на пари (второ читање);
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  супервизија на осигурување (второ читање).

Со оглед на тоа што по овие Предлог-закони не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа и да ги донесе предложените закони.



Сабота, 1 мај 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска на светската изложба Шангај Експо 2010 свечено го отвори македонскиот павилјон

Вчеравечер претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, беше гостин на свечената вечера, што по повод отворањето на Експо 2010, ја приреди претседателот на НР Кина, г. Ху Џинтао, а на која присуствуваа педесетина шефови на држави, претседатели на парламенти и влади. Високите гости заедно ја проследија и спектакуларната програма, по што светската изложба Експо 2010 беше официјално отворена



Сабота, 1 мај 2010 година

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Вељаноски, учествуваше на отворањето на светската изложба Шангај Ескпо 2010

По тој повод, претседателот на македонското собрание, г. Вељаноски, имаше средба со претседателот на НР Кина, г. Ху Џин Тао, кој во чест на високите гости приреди свечена вечера. Притоа, претседателот Вељаноски се заблагодари за топлиот прием и ја искажа својата увереност дека организацијата на Експо 2010 ќе ја следи успешноста на олимписките игри во Пекинг, а НР Кина уште еднаш ќе биде домаќин на еден значаен глобален настан кој ќе ја одбележи оваа година

Click