Четврток, 9 мај 2013 година
Пратеникот Шекеринска на Бизнис форум во Истанбул
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, е поканета да учествува на Бизнис форумот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), кој оваа година се одржува во Истанбул, Република Турција.
На 9 мај 2013 година (денеска), г-ѓа Шекеринска ќе говори на експертскиот состанок „Пазари, демократија, транзиција и раст“, кој во рамките на овие активности, го организира Европската банка за обнова и развој.
Состанокот кој ќе го отвори претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, ќе биде посветен на прашањата зошто во многу земји од регионот на ЕБРД и светот, пазарните реформи и демократските промени не се движеа со ист интензитет и што може да се очекува од силите во пораст, како Кина, Бразил, Русија и Индија, во поглед на нивната политичка отвореност и економски успех.