Четврток, 30 мај 2013 година
Учество на собраниска делегација на Регионална конференција за Западен Балкан
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања, г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања, ќе присуствува на Регионална конференција за Западен Балкан на тема „Конкурентска политика“, која ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2013 година во Бечиќи, Црна Гора.
Конференцијата е организирана од страна на Вестминстер фондацијата за демократија и парламентарните мрежи за економија и финансирање и буџет на земјите од Западен Балкан.
Учесници на Конференцијата ќе бидат членови на парламенти, владини претставници и експерти од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.