Среда, 2 мај 2012 година
Дванаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на 12. седница, одржана на 30 април 2012 година, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.
Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.