Вторник, 22 мај 2012 година
Заврши НАТО самитот во Чикаго
На 25. самит на НАТО во Чикаго, проширувањето на Алијансата не беше на дневен ред, а во заклучоците се повтори дека Република Македонија ќе добие покана за членство откако ќе се најде заемно прифатливо решение со Грција за спорот со името, што воедно би придонело кон безбедноста и стабилноста на регионот.
Притоа, во Декларацијата на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО, се истакнува значителниот придонес на нашата земја во мировните операции и соработката во регионалните активности.
На дводневниот самит беа поставени насоките за новата „паметна одбрана“ и беше утврден план за повлекување на меѓународните трупи од Авганистан до крајот на 2014 година. Сепак, НАТО и по повлекувањето, ќе остане во Авганистан како помош за авганистанската армија и полиција.
„НАТО не се колеба. Нови способности и глобални партнерства треба да го подготват Сојузот за предизвиците на 21. век“, е заклучокот на генералниот секретар на НАТО, г. Андерс Фог Расмусен.