Вторник, 17 мај 2011 година
Меѓународен ден против хомофобија и трансфобија

На 17 мај 1990 година Светската здравствена организација, на Главното собрание, објави дека „хомосексуалноста не е болест, пореметување или перверзија“. Денеска, ширум светот се одбележува Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија
Прочитај повеќе
Четврток, 12 мај 2011 година
Украина го презеде претседателството со Комитетот на министри

Заштитата на правата на децата, зајакнувањето на демократијата, почитувањето на законодавството и заштитата на човековите права, се главните приоритети на кои ќе се фокусира Украина, која во наредните шест месеци ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа
Прочитај повеќе
Среда, 11 мај 2011 година
Завршува претседавањето на Турција со Комитетот на министрите на Советот на Европа

На крајот од денешната 121. седница на министрите за надворешни работи на 47-те земји-членки на Советот на Европа, која се одржува во Истанбул, Украина ќе го преземе од Турција претседателството со Комитетот на министрите
Прочитај повеќе
Вторник, 10 мај 2011 година
Пленарна седница на Европарламентот

Од 9 до 12 мај, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Стразбур. Како дел од неа, денеска, заедно со претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, европратениците ќе расправаат за миграцијата и азилот, за плановите за создавање на механизам кој им овозможува на државите-членки на Европската унија повторно да воведат гранична контрола во Шенген-зоната
Прочитај повеќе
Петок, 6 мај 2011 година
Фестивал на Европа и отворени денови на Европарламентот

Утре, европските институции во Брисел организираат Фестивал на Европа, на кој ќе се одбележи годишнината од Декларацијата на Робер Шуман од 1950 година. Истиот ден ќе се одржат годинешните отворени денови на Европскиот парламент во Брисел, а ден подоцна и во Стразбур
Прочитај повеќе