Четврток, 28 март 2013 година
ПОДГОТОВКИ ЗА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат во 2014 година ќе бидат првите избори по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон. Со овој договор беа зајакнати демократските темели на Унијата, се зголеми улогата на граѓаните на Европската унија, преку воспоставување на солидна врска помеѓу граѓаните, остварување на нивните политички права и демократскиот живот на Унијата. Со воведување на граѓанската иницијатива, Лисабонскиот договор овозможува граѓаните на ЕУ да учествуваат подиректно и целосно во демократскиот живот во Унијата
Прочитај повеќе
Петок, 22 март 2013 година
СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во периодот од 11 до 13 март годинава во рамките на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, во Даблин се одржа Младинска конференција на Европската унија, каде на едно место се сретнаа младите и креаторите на политиките во ЕУ. Конференцијата претставува елемент од процесот на воспоставување на структурен дијалог, а нејзината цел беше да се обезбеди заедничка дебата и информирање за постигнатиот напредок на политиката за млади, на национално и на европско ниво.
Прочитај повеќе