Четврток, 15 март 2012 година
Дванаесетта седница на Комисијата за здравство
Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на 12. Седница, одржана на 29 февруари, 2, 6 и 12 март 2012 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за здравствената заштита во второто читање.
По Предлог-законот беа поднесени вкупно 194 амандмани, од кои 24 беа поднесени и усвоени од страна на Комисијата.
Врз основа на расправата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 4 „против“ заклучи Предлогот на законот за здравствената заштита да се проследи на натамошна постапка.