Среда, 30 март 2011 година
Дваесет и седма седница на Комисијата за култура
Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките (прво читање);
- Предлог-законот за дополнување на Законот за авторското право и сродните права (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите.
На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура и г. Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за правда.
Во образложението на Предлог-законите, претставниците на Владата ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.
Комисијата за култура ги разгледа горенаведените Предлог-закони од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.