Четврток, 24 март 2011 година
Триесет и шеста седница на Комисијата за здравство
Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на Триесет и шестата седница, одржана на 22 март 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита- II читање;
- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на козметичките производи - II читање;
- Предлогот на закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување - II читање;
По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита Комисијата претресе два амандмани и едногласно ги усвои истите.
Во определениот рок од Деловникот по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на козметичките производи - II читање и Предлогот на законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување - II читање, немаше поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата едногласно заклучи трите Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.