Петок, 18 март 2011 година
Педесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и седма седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, по скратена постапка.
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претседавачот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Дамески, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно два амандмани по Предлогот на законот.
Во дискусија по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Цветан Трипуновски, г. Живко Пејковски и г. Панче Дамески.
Комисијата ги разгледа и претресе двата поднесени амандмани и едногласно ги усвои истите.
По расправата, Комисијата заклучи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи по скратена постапка, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.