Среда, 30 март 2011 година
Шеесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и прва седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенија (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хидрометеоролошка дејност (прво читање);
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи (прво читање).
На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
На крајот, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија едногласно го усвои следниот Заклучок:
- Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат закониоет, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.