Четврток, 24 март 2011 година
Шеесет и втора седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и втора седница, во второ читање ги разгледа:
- Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност.
Претседателот на Комисијата, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по трите Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата за економски прашања заклучи трите Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.