Петок, 18 март 2011 година
Седумдесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Седумдесет и прва седница, како матично работно тело го разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување, по скратена постапка.
Комисијата едногласно и без дискусии заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување, по скратена постапка, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.